Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАИЗБОР

За продолжениот викенд топло време со температури и над 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од југозападен, а во источните од југоисточен правец, информира УХМР.

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

До понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значителен пораст на температурите, кои на места ќе бидат и над 30 степени. Ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +