17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Црна Гора го укинува полицискиот час за Велигден

Црногорската министерка за здравство, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, објави дека полицискиот час меѓу сабота и недела, 1 и 2 мај, нема да важи, но ќе продолжи во наредните денови.

Што се однесува до новите мерки, кои ќе важат од 30 април до 7 мај, ќе биде укината забраната за движење на територијата на целата земја од сабота до недела.

Сепак, забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендите и во другите денови, од полноќ до пет наутро, остануваат во сила.

Што се однесува до границите, тие остануваат отворени за граѓаните на Србија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Русија, Белорусија и на Украина.

„Сите други може да влезат во Црна Гора или со негативен ПЦР-тест, или со тест за антитела или со потврда за вакцинација“, рече министерката.