24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бугарија протера руски дипломат

Бугарија денес објави дека ќе протера руски дипломат откога обвинителите изјавија дека се сомневаат на вмешаност на Русија во четири експлозии на складишта за оружје во Бугарија.

На средбата со рускиот амбасадор министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, повика на целосна руска соработка во истрагата за експлозиите и обидот за труење на бугарскиот дилер на оружје, Емилијан Гекрет.

„Русија ќе одговори на протерувањето нејзин дипломат од Бугарија“, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

Бугарските обвинители велат дека собираат докази за можна вмешаност на шест Руси во четири експлозии во периодот од 2011 до 2020 година во бугарските складишта за оружје, кои чувале муниција за извоз во Украина и Грузија.