Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски на онлајн-состанок со претставници на Асоцијацијата на независната културна сцена – ЈАДРО

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа онлајн-средба со претставници на Асоцијацијата на независната културна сцена – ЈАДРО.

На средбата со претставниците на Асоцијацијата, која во себе обединува 46 организации, неформални групи и поединци, се разговараше за состојбите во културата, со акцент на оние што се поврзани со независниот културен сектор.

Претставниците на Асоцијацијата го запознаа претседателот Пендаровски со своите проблеми, со активностите насочени кон обезбедување поширока видливост и општествена релевантност на независниот културен сектор. Ги претставија своите видувања за правците во кои се одвиваат културните политики и ја истакнаа потребата за обезбедување стратешка и долгорочна поддршка за независната културна сцена, како и потребата за нивна вклученост во носењето одлуки во однос на културните политики. Особено ја истакнаа потребата за дебирократизација на процесите при користењето на програмите во културата.

Претседателот Пендаровски, истакнувајќи ја важноста на независната културна сцена за поттикнувањето на демократизацијата во општеството, посочи на своите заложби за јакнење на независниот културен простор преку спроведување релевантни развојни политики.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +