22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Милошоски од Битола: Градоначалничката Петровска нема реализирано ниту 5 проценти од изборната програма

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска ги посети Битола и Оризари, каде што им оддаде почит на Бошко и неговите соборци, кои, како што рече, пред 20 години ги положија своите животи за Македонија, за нејзината државност, самобитност, слобода.

„Тоа што исто така сакам да го споменам е дека тука на ова место, каде што иницијативниот одбор од Оризари го направи ова спомен-обележје, сметам дека во блиска иднина со една подобра локална самоуправа може да биде и добар спортски рекреативен центар за жителите за оваа голема населба.

Она што сакам да го истакнам дополнително во однос на Битола и локалните избори што доаѓаат, гледаме дека не е само Петре Шилегов тој што важи за мрзлив градоначалник, веројатно голема конкуренција може да му прави и градоначалничката Наташа Петровска за која гледаме од самата Битола и населбите во околината дека нема остварено ниту 5 проценти од она што го ветуваше во предизборната кампања“, рече Милошоски.

Тој нагласи дека битолчани ќе знаат како тоа да го оценат на следните локални избори, каде што, според него, има многу добро расположение со добар кандидат и реална програма опозицијата да направи сериозен резултат.