25.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германската полиција внимателно ги следи антикорона-групите во земјата

Министерство за внатрешни работи на Германија го следи антикорона-движењето во земјата бидејќи смета дека теориите на заговор што се шират во моментот нема лесно да исчезнат.

Службата за заштита на уставноста со почнатиот процес на мониоринг има можност да собере податоци за лицата од тоа движење.

Бидејќи ова движење не може да ѝ се препише на која било претходна групација, како што се екстремно десничарските, левичарските или исламистите, воведена е нова категорија – делегитимизација на државата, објави Министерството.

Министерството наведува дека легитимните протести против корона-политиката на германската влада сѐ повеќе се инструментализираат и предизвикуваат ескалации.

Организаторите на протестите, пред сѐ, протагонисти од антикорона-движењето, покажуваат дека приоритет им е мобилизирање на граѓаните преку протести против државните мерки.

Кон средината на април, германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, најави чекори против антикорона-заговорниците.

„Ќе го разгледаме детаљно тоа движење и неговото дејствување“, рече тој.