17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Попладне краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: претпладне сончево со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T = 23 °C, P = 974 hPa, U = 42 %, V = 5 m/s. (Т-температура, P-притисок, U-релативна влажност, V-средна брзина на ветер).

Утре, ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја. Потоа, до понеделник, под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значителен пораст на температурите, кои на места ќе бидат и над 30 степени. Ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за локален дожд.