24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Вакцинираните со „астра зенека“ во Норвешка ќе добијат втора доза од друг производител

Министерството за здравство на Норвешка соопшти дека оние што примиле една доза од вакцината против коронавирусот на „Астра зенека“ ќе може да се вакцинираат со втора доза од друг производител.

Норвешка ја прекина вакцинацијата со „астра зенека“ на 11 март откога мал број млади беа хоспитализирани поради комбинација на згрутчување на крвта, крвавење и низок број тромбоцити, од кои некои починаа.

Сега се чека извештај од комисијата назначена од владата, кој треба да биде готов на 10 мај, за тоа дали вакцинацијата ќе продолжи.

Но, одлуката ќе дојде премногу доцна за оние што ја примиле првата доза од вакцината на „Астра зенека“ и треба да добијат втора доза пред одлуката на комисијата.

Затоа, на оние што примиле една доза од вакцината на „Астра зенека“ ќе им биде понудена втора доза од „Фајзер“ или „Модерна“.

Речиси 135.000 луѓе, претежно здравствени работници, ја примија вакцината на „Астра зенека“ во Норвешка пред да се запре вакцинацијата.

Норвешка е последна во низата земји што одлучија да комбинираат вакцини, заедно со Данска, Финска, Франција и Германија.