21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Висок претставник во БиХ предупредува за нон-пејперот: Не отворајте ја Пандорината кутија

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, го коментираше појавувањето на нон-пејперот за Балканот и предупреди на опасноста од распад на Босна.

„Никој не смее да ја отвори Пандорината кутија. Не дозволувајте тоа да се случи”, рече Инцко во изјавата за австрискиот дневен весник „Клајн цајтунг“.

Тој исто така рече дека големи поместувања на границите може да имаат далекосежни тешки последици.

За него, вели тој, ситуацијата е јасна, а тоа е дека распадот или излегувањето од државата БиХ не е можно.

„Никогаш не би потпишал такво нешто“, рече тој.

Според него, на БиХ ѝ треба подолгорочен пристап, бидејќи ѝ е потребно време за да закрепне од војната и од стотиците илјади убиени.

Спонзорирано: