21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во болниците во земјата се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус и има околу 338 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во ковид-центрите во Скопје, пак, во изминатите 24 часа се хоспитализирани 61 нов пациент поради компликации од коронавирусот, а се лекуваат вкупно 704 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 47 оздравени пациенти од болниците во Скопје, а бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и утрово, до 8 часот, имало 83 слободни места.