25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

САД: За бремени жени и родилки се препорачуваат вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“

Американскиот колеџ за акушери и гинеколози (ACOG) рече дека за бремени жени и родилки кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, најдобро е да го сторат тоа со вакцината на „Фајзер“/„Бионтек“ или „Модерна“, наместо со вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

Објавувањето ги следи упатствата на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој препорача прекин на давањето на вакцините на „Џонсон и Џонсон, поради можното формирање на крвни згрутчувања, објави „Си-ен-ен“.

„Во овој момент, нема јасен профил на жени кои би можеле да имаат толку исклучително ретка компликација. Сепак, сè додека работите не станат појасни, важно е да се охрабруваат бремени жени и родилки кои сакаат да бидат вакцинирани да изберат mRNA вакцини – ‘Фајзер’ или ‘Модерна’“, се наведува во соопштението на ACOG.

Нивната изјава додава дека луѓето кои биле вакцинирани со вакцина „Џонсон и Џонсон“ во претходните три недели треба да побараат итна медицинска помош во случај да имаат силна главоболка, болка во стомакот, нозете, отежнато дишење.