22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Париз ги суспендира летовите кон Бразил за да спречи ширење на новиот вид

Француските власти ќе ги прекинат сите летови меѓу Франција и Бразил со цел да се спречи ширењето на новиот вид на коронавирус, откриен во таа јужноамериканска земја, изјави францускиот премиер Жан Касте.

Во обраќањето пред францускиот парламент во Париз, Касте рече дека властите се свесни дека епидемиолошката состојба се влошува и одлучија да ги прекинат сите летови меѓу Франција и Бразил до ново известување.

Неколку водечки француски лекари со денови ги повикуваат властите да го прекинат воздушниот сообраќај на релација со Бразил.

Француската министерка за здравство Оливија Веран минатиот месец изјави дека видови од вирусот корона од Бразил и Јужна Африка се регистрирани кај околу шест проценти од заразените во Франција.