11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање пред болница во Париз – едно лице убиено, напаѓачот во бегство

Едно лице загина, а едно е рането во пукање пред болница во Париз. Напаѓачот побегнал со мотор, пренесуваат француските агенции.

Информациите за нападот ги објави АФП повикувајќи се на извори блиски до полицијата.

Нападот се случил пред болницата „Херни-Данан“ во 17-тиот париски арондисман. Станува збор за болница во сопственост на Црвениот крст.