8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел бара од Путин да се намали бројот на руски трупи околу Украина

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, побарала Русија да го намали бројот на неодамна ангажираните воени трупи во близина на источна Украина, се вели во соопштение на германската влада.

Меркел исто така го иницирала и прашањето во врска со затворениот опозиционер Алексеј Навални, кој моментно е болен во затвор и кој бара пристап до независен медицински третман“.

„Меѓу другото, разговорот беше и за зголеменото руско воено присуство во околината на источна Украина. Канцеларката побара да се намали оваа акумулација на трупи за да се смири ситуацијата“, се додава во соопштението.

Во телефонскиот разговор со канцеларката рускиот претседател изразил загриженост за ескалацијата на тензиите во Донбас и ја обвинил Украина за провокаторски активности во тој регион.

Спонзорирано: