18.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Седум повредени лица се извлечени од урнатините на зградата во Истанбул

Трикатна зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмез, а спасувачките тимови досега извлекле седум повредени од урнатините, јави денеска „Анадолија“.

Засега не е позната причината за уривањето на зградата, а на местото на несреќата се надлежни полициски, медицински и спасувачки екипи.

Во тек е акција за пребарување и спасување, а досега од под урнатините се извлечени седум повредени. Четворица се испратени во болница.

Од уривањето на зградата се оштетени и возила кои биле паркирани во близина, а оштетен е и автобус.

На местото на несреќата пристигна гувернерот на Истанбул Давут Ѓул./Извор:Makfax