Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Викенд со драстичен пад на температурите, а некаде ќе врне снег – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер.

Поради продор на постудена воздушна маса, во недела на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час).

Дневните температури позначително ќе опаднат, особено во северните делови.

Прогноза за 04.04.2021
Минимална температура: 2°C до 8°С
Максимална температура: 6°C до 13°C
Oблачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час).

Прогноза за 05.04.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Прогноза за 06.04.2021
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 12°C до 19°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК