Centar.mk
БИЗНИСРЕГИОН

ХРВАТСКА ВОВЕДУВА „СИДРЕНИ ЦЕНИ“ ЗА РЕЧИСИ СÈ: Новите правила почнуваат од 1 октомври

Од 1 октомври хрватските продавници и даватели на услуги ќе мора покрај актуелната цена да прикажуваат и дополнителна, таканаречена „сидрена цена“.

Мерката се проширува на облека, обувки, техника, мебел, градежни материјали, угостителски, фризерски, телекомуникациски и други услуги. За најголем дел од новоопфатените производи и услуги референтна ќе биде цената што важела на 10 септември.