Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

142 казни за брзо возење на автопатот Скопје-Гевгелија и патот Градско-Прилеп

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (2 април) спровела засилена акциска контрола на автопатот Скопје-Гевгелија и магистралниот пат Градско-Прилеп, информираат од МВР.

Во акцијата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 142 возачи.

Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК