26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Светските сили и Иран денеска ќе одржат виртуелни нуклеарни преговори

Светските сили и Иран ќе одржат денеска видеоконференција за да разговараат за можното враќање на САД во иранскиот нуклеарен договор, објави ЕУ.

Претставници на Кина, Франција, Германија, Русија, Велика Британија и Иран – земјите што сè уште се членки на договорот по заминувањето на САД – ќе присуствуваат на состанокот денеска.

„Учесниците ќе разговараат за можно враќање на САД во ЈЦПОА и за тоа како да се обезбеди целосно и ефикасно спроведување на договорот од сите страни“, се вели во соопштението.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави дека го поздравуват ова како позитивен чекор.

„Ние сме подготвени да продолжиме со усогласеноста со нашите обврски кон ЈЦПОА ако и Иран го стори истото. САД разговараат со партнерите за најдобриот начин да се постигне ова, вклучително и преку низа првични заеднички чекори “, рече Прајс.

На состанокот ќе се собере телото што го надгледува спроведувањето на ЈЦПОА, кое е под закана да пропадне, откако тогашниот американски претседател Доналд Трамп се повлече во 2018 година, по што Иран започна со продолжување на нуклеарните активности што ги намали.

Со Интернет-состанокот ќе претседава високиот дипломат на Европската унија, Енрике Мора, во име на шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеф Борел.