12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Минатиот месец во Бразил најмногу смртни случаи од Ковид-19

Март беше месец со најмногу смртни случаи во Бразил од почетокот на пандемијата на коронавирусот, со над 66.000 починати лица , известуваат надлежните во таа земја.

„Никогаш во историјата на Бразил не се случило една појава да има убиено толку многу луѓе за 30 дена“, изјави за Франс Прес Мигел Николелис, координатор на Научниот комитет против пандемијата, кој ги формираше североисточните држави на Бразил.

„Се наоѓаме во најлошо време, со рекорден број на смртни случаи и инфекции, што значи дека и април ќе биде тежок“, нагласи епидемиологот Етел Месиел, професор на Федералниот универзитет во Еспирито Санто.

Бразилските болници се преполни, а во неколку држави вработените веќе започнаа да избираат кому да даваат кревети на интензивна нега.

Епидемијата во Бразил е надвор од контрола. Земјата имаше 66.573 смртни случаи во март, двојно повеќе отколку во јули 2020 година, што беше најлош месец досега, објавуваат тамошните медиуми.

Во исто време, забележани се најголем број смртни случаи за 24 часа, дури 3869 лица починале во едно деноноќие.

Координаторот на научниот комитет против пандемија верува дека постои голема можност Бразил да достигне половина милион смртни случаи до јули.