14.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Макрон во вонредното обраќање: Ги засилуваме мерките низ целата земја, ги затвораме училиштата

Франција ќе ги заостри ограничувачките мерки што веќе беа на сила во регионот на Париз, но и во некои други области во земјата.

Ова вечерва го соопшти претседателот на Франција, Емануел Макрон, во телевизиско обраќање до нацијата.

Новите мерки ќе бидат во сила најмалку еден месец, а Макрон процени дека „контролата над пандемијата ќе биде изгубена доколку нема непосредна реакција“.

Макрон додаде дека Франција ќе ги затвори училиштата и градинките за три недели. Претходно, училиштата беа затворени два месеци за време на првиот бран на пандемијата Ковид, но владата ги отвори за време на вториот бран од ноември и досега не ги затвори.

„Тоа е најдобрата опција да се забави ширењето на вирусот“, рече Макрон, наведувајќи дека одморот за учениците ќе започне на 12 април.

Тој процени дека вакцините даваат резултати и дека Европа ќе биде лидер во светот во производството на вакцини, откривајќи дека 250.000 луѓе ќе учествуваат во вакцинирањето на Французите.

„Луѓето над 60 години ќе можат да се вакцинираат од 16 април, а оние над 50 години од 15 мај“, рече Макрон.