16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Орбан: Уште еден милион вакцинирани и ги олеснуваме мерките

Премиерот Виктор Орбан денес објави дека Унгарија може да ја започне првата фаза на олеснување на ограничувањата против Ковид-19 откако ќе се вакцинираат уште еден милион граѓани.

„Постојат добри шанси да нема епидемиолошки ограничувања ова лето“, рече унгарскиот премиер за државното радио, наведува агенцијата.

Орбан рече дека целта е што повеќе имунизирани лица да ја започнат економијата на земјата што е можно поскоро, која лани падна за 5,1 процент и дека досега се вакцинирани околу 1,5 милион Унгарци, и дека можат да започнат со мерките за олеснување кога тој број ќе се зголеми на 2,5 милиони, што е четвртина од вкупното население.

Орбан исто така повтори дека ја поддржува употребата на кинески и руски вакцини против Ковид-19, што неговата земја прва го стори во Европската Унија.

Во Унгарија, во изминатите 24 часа е регистриран рекорден број на нови случаи на коронавирус – 10.759, а регистрирани се 213 смртни случаи од Ковид-19, што е најголем број за еден ден, според агенцијата.

Спонзорирано: