9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле вакцинирани против Ковид-19.

Сега кога вакцинацијата се зголеми низ цела Европа, некои влади на европски земји, како што се Грција и Шпанија, бараат брзо усвојување на ЕУ-сертификат за оние кои веќе биле вакцинирани, за да можат слободно да патуваат, пренесуваат светските агенции.

Во пресрет на денешниот Самит на ЕУ, австрискиот канцелар Себастијан Курц се стави на чело на оние кои ја поддржуваат идејата за воведување пасош за вакцинација.

Сепак, како што наведуваат светските агенции, некои земји, како што се Франција и Германија, не се за таа идеја, бидејќи одлуката за сертификатот ќе ја направи вакцинацијата задолжителна и би значела дискриминација на лица на кои од одредени причини не им е дозволено или не сакаат се вакцинираат.

Во пресрет на денешниот Самит на ЕУ, Курц изјави:

“Ние сакаме да се вратиме во нормала и максимална слобода што е можно поскоро. Сè додека има пандемија и вирус, тоа е можно само ако имаме мерки за заштита, без разлика дали преку вакцинација или тестови”, истакна Курц.

Од друга страна, Германија, Белгија и Холандија, но и Франција, не сакаат брзи одлуки во врска со ова, и тоа неодамна го забележа министерката за европски прашања на Австрија, Каролина Едштадлер за време на нејзината посета на Париз, кога нејзината обврска на пасош за вакцинација наишол на затворена врата.

Спонзорирано: