14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

ЛДП ќе дејствува самостојно во парламентот

Пратениците на Либерално-демократската партија ќе дејствуваат самостојно во Собранието. Од партијата наведуваа дека одлуката за самостојно дејствување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски е донесена на седница на Централниот одбор на партијата уште од август минатата година, но сè уште не е реализирана од објективни причини.

„Како партија донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно дејствување во македонскиот Парламент заради подобро претставување на либералните вредности и поголем простор на дејствување од страна на нашите пратеници. Тоа за нас претставува демократски потег и не е поврзано со дневнополитички теми. Оставивме доволно простор за имплементација на оваа одлука. ЛДП како и нејзините пратеници и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат Владата, а тоа ќе се потврди и со гласањето доверба на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ“, велат од Либерално-демократската партија.

Од партијата додаваат дека во следниот период одлуката ќе се реализира и ќе дејствуваат како и останатите либерали во парламентите низ Европа.