13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Генералниот секретар на ООН ја повика воената хунта во Мјанмар да престане со насилството

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, ја повика воената хунта во Мјанмар да престане да користи насилство и да ослободи стотици политички затвореници лишени од слобода по воениот удар пред три недели.

„Гледаме дека демократијата се поткопува, се користи брутална сила, се прават неоправдани апсења, со еден збор, се применува репресија во сите нејзини форми. Ја повикувам армијата на Мјанмар веднаш да престане со репресијата, да ги ослободи затворениците, да престане да користи сила, да ги почитува волјата и човековите права изразена на последните избори“, рече Гутереш.

Според светските агенции, продавниците во Мјанмар денеска ќе бидат затворени и е најавен генерален штрајк против воениот удар, а илјадници демонстранти се очекува да се соберат низ целата земја, и покрај предупредувањата од воената хунта дека може да има човечки жртви во евентуална конфронтација.

Спонзорирано: