23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Пентагон: Една третина од американските војници не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот

Претставници на Министерството за одбрана на САД велат дека околу една третина од припадниците на вооружените сили одбиле да примат вакцина против коронавирус.

Генерал-мајор Џеф Талиаферо ги презентира овие информации пред американскиот Конгрес. Тој рече дека околу две третини од припадниците на вооружените сили ја прифаќаат вакцината, но истакна дека ова се само првите податоци што ги има Пентагон.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека нема детаљни податоци во врска со вакцинацијата меѓу припадниците на вооружените сили. Тој потврди дека 916.000 припадници на американската армија примиле вакцина против коронавирусот.

Стапката на одбивање е слична на онаа кај општата популација.