24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хутите бомбардирале бегалски камп во Јемен

Милициите на Хутите во Јемен бомбардирале во понеделникот бегалски камп во областа Сарвах, западно од Мариб, изјави јеменскиот министер за информации, Моамер ал-Еријани.

„Милицијатата на Хутите, поддржана од Иран, повторно ги таргетира бегалските логори во Мариб и со артилериски гранати го бомбардира кампот за раселени лица во Тина, во областа Сарвах западно од Мариб, во кој се сместени 700 семејства од разни региони, неколку часа откако го нападнаа кампот Ал-Зур со балистички ракети ‘катјуша’“, твитна Ал-Ерјани.

САД ги повикаа Хутите да ги запрат своите напади врз Мариб ако се сериозни во своите напори да се стави крај на војната и да се постигне мир.

„САД ги повикуваат Хутите да го запрат напредувањето кон Мариб и да престанат со сите воени операции и да се свртат кон преговори. Нападот на Хутите врз Мариб е потег на група што не е посветена на мирот или на ставање крај на војната што го мачи народот на Јемен“, се вели во соопштението објавено од американскиот Стејт департмент.

УНОЦХА проценува дека приближно еден милион Јеменци побарале засолниште во Мариб од почеток на војната за да се избегне насилството на Хутите. Овој напад само ќе го зголеми бројот на внатрешно раселени лица и ќе ја влоши хуманитарната криза во Јемен, кој веќе ја преживува најголемата хуманитарна катастрофа во светот.

„Ако Хутите се сериозни во врска со политичко решение со преговори, мора да престанат со сите воени дејства и да се воздржат од други дестабилизирачки и потенцијално смртоносни активности, вклучително и прекугранични напади врз Саудиска Арабија.

Тие мора да се посветат на конструктивно учество во политичкиот процес предводен од ОН и сериозно да се вклучат во дипломатските напори предводени од специјалниот пратеник на САД за Јемен, Тим Лендеркинг. Времето да се стави крај на овој конфликт е сега. Нема воено решение“, се додава во изјавата од САД.