18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Ирански свештеник твитна: Ако се вакцинирате, ќе станете геј

Иранскиот свештеник Абас Табризијан е познат по своите контроверзни размислувања. Еден од неговите бисери е тврдењето дека мажите не може да го пренесат коронавирусот и дека само жените мора да носат заштитни маски.

Абас (59) им порача на Иранците да не се вакцинираат против коронавирусот затоа што може да станат хомосексуалци, пренесуваат светските медиуми, кои на ваквата бизарна теорија коментираат: „иако веќе се објавени студии дека короната може значително да го оштети мозокот, за Абас очигледно не треба никаков вирус“.

Според порталот Albawaba, овој 59-годишен свештеник претходно промовирал фанатизам и лажни вести за западната медицина. Така, во јули тој јавно објави дека мажите не може да го пренесат коронавирусот и дека само жените треба да носат заштитни маски.

Имено, хомосексуалноста во Иран се казнува со смрт, а според овој фанатик, секој што ќе прими вакцина против коронавирусот може да биде во опасност.

„Не им приоѓајте на вакцинираните! Станаа хомосексуалци“, напиша Табризијан на „Твитер“. Неговата објава веднаш се прошири на социјалните мрежи и наиде на многубројни негативни коментари.

„Ова е апсурдно, само медицинските експерти треба да разговараат за такви работи“, напиша еден корисник.

Медиуми потсетуваат дека Табризијан не е првиот поборник на оваа теорија. Претходно, израелскиот православен рабин Даниел Асор предизвика бес кога на социјалните мрежи напиша дека вакцините ги претвораат луѓето во хомосексуалци и ги повика неговите следбеници да ја одбијат вакцината.

Иран ја одобри руската вакцина „спутник В“ против коронавирусот и почна да ја вакцинира нацијата, забранува увоз на вакцини од САД и Велика Британија опишувајќи ги како небезбедни.