22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Снежна бура погоди дел од Европа, некои градови се целосно парализирани

Холандија денеска беше погодена од првата голема снежна бура во последните 10 години, што го наруши железничкиот и патниот сообраќај, а студениот бран продолжува да се движи кон другите делови на Северна Европа.

Временските непогоди во Холандија се дотолку големи што холандската влада одлучи да ги затвори сите центри за тестирање на коронавирус на неколку дена.

Холандската метеоролошка агенција издаде црвен аларм во целата земја, предупредувајќи на ветрови што ќе дуваат со брзина до 90 километри на час.

Досега паднаа меѓу пет и 10 сантиметри снег во повеќето делови на земјата, но во некои делови беа измерени и 30 сантиметри.

Националниот железнички превозник издаде известување дека засега е откажано поаѓањето на сите возови во целата земја. На возачите им се препорачува да избегнуваат патувања, а агенциите известуваат за 85 случаи на автомобили кои останале заробени на патиштата поради снегот. Во следните десет дена се очекува температурите да бидат под просечните низ целата земја.

Прекинат е и железничкиот сообраќај во Германија поради снегот, а Британците се подготвуваат за пристигнување на невремето во областа на Северното Море.

Во Германија снегот значително го наруши железничкиот сообраќај во Северна Рајна-Вестфалија, а од саботата попладне предизвика големи одложувања и дури 222 сообраќајни несреќи, во кои се повредени 28 лица.

Во северните делови на Германија се очекува снег до 40 сантиметри.

Снег паѓаше и во Белгија, каде во следните денови се најавува голем пад на температурите.

Во Велика Британија, властите издадоа предупредувања за снег и отежнати сообраќајни услови.

Спонзорирано: