22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден: Нема да ги укинеме санкциите сѐ додека Иран не ги почитува своите обврски

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека нема да ги укине санкциите за Иран сѐ додека таа земја не ги исполни своите обврски во областа на нуклеарната енергија.

Одговарајќи на прашање за можноста за укинување на санкциите со цел да го убеди Техеран да се врати на преговарачката маса и да го спаси договорот за иранската нуклеарна програма, Бајден јасно рече: „Тоа не е можно“.

На прашањето на новинарите дали Иранците треба прво да престанат да збогатуваат ураниум, американскиот претседател одговори потврдно.

Претходно денеска, врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека САД мора да ги укинат сите санкции, пред неговата земја да ги исполни своите обврски од нуклеарниот договор. Хамнеи на Твитер изјави дека Иран е страна што се придржува до сите обврски од нуклеарниот договор во 2015 година.

Спонзорирано: