21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Тимот на СЗО го посети Институтот за вирологија во Вухан

Експертите на СЗО го посетија Институтот за вирологија во Вухан како дел од истрагата за потеклото на пандемијата на коронавирусот.

Институт во моментот е најконтроверзното место во светот ако се земат предвид многуте теории дека ширењето на вирусот, кој зарази и уби милиони луѓе и го заклучи целиот свет, почна од таму.

Тимот на СЗО чекаше неколку месеци за воопшто да добие дозвола за влез во Кина, а кога тоа го направија, кинеските власти ги испратија во 14-дневна изолација.

Десет истражувачи од тимот на СЗО учествуваат во обиколката на Институтот. „Тимот очекува многу продуктивен ден и ќе ги постави сите потребни прашања“, им изјави на новинарите Питер Дасак, член на тимот, пред посетата.

Институтот има неколку лаборатории, кои се под строги безбедносни мерки и во кои истражувачите работат на коронавирусите.

Покрај теориите на заговор, поранешниот американски претседател Доналд Трамп исто така го обвини Институтот за пуштање вирус што предизвикал Ковид-19 и пандемија.

Пекинг ги негира обвинувањата и има своја теорија – дека постои можност вирусот да е увезен во Кина.