25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Емануел Макрон / фото Twitter
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Макрон: Француските граѓани ќе се вакцинираат до крајот на летото

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека сите Французи што сакаат да се вакцинираат ќе ја добијат таа можност до крајот на летото оваа година.

Макрон во интервју за „ТФ-1“ предупреди дека фармацевтските компании веќе треба да се подготвуваат за вакцините што ќе бидат потребни следната зима и следната година затоа што вирусот бргу мутира и најави скорешен почеток на производство на вакцини во Франција, известува „Ројтерс“.

„Мора да мислиме и за земјите во развој бидејќи ако и таму не се вакцинираат граѓаните, вирусот ќе продолжи да циркулира, мутира и да се враќа кај нас“, рече Макрон и потврди дека 27 земји членки на ЕУ нарачале речиси 2,7 милијарди дози вакцина.

Францускиот претседател рече дека француската научна делегација што неодамна ја испратил во Русија имала позитивна размена, како и дека извештаите покажуваат оти вакцината „спутник В“ обезбедува ефикасна заштита од Ковид-19.