25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Бројот на вакцинирани против коронавирусот го надмина бројот на заразени во светот

Бројот на луѓе вакцинирани против Ковид-19 на глобално ниво го надмина вкупниот број на сите случаи на заболувањето во светот, пренесува ТАСС.

Врз основа на анализата на официјалните податоци и извештаите во медиумите, ТАСС наведе дека најмалку 105,1 милиони луѓе биле вакцинирани во светот, а вкупно биле заразени речиси 103,9 милиони луѓе.

Најголем број вакцинирани има во САД (33,7 милиони), потоа во Велика Британија (10,2 милиони) и во Израел (5,05 милиони).

Во Израел вакцинирани се 56,86 проценти од вкупното население, во Обединетите Арапски Емирати – 38,83 проценти и на Сејшелите – 36,25 проценти.