25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Велика Британија започнува масовно тестирање на граѓаните од врата до врата

Велика Британија започнува масовно тестирање на 80.000 граѓани од врата до врата во областите каде што е откриен новиот сој на коронавирус од Јужна Африка, пренесува „Гардијан“.

Во осум области каде што е откриен новиот сој од Јужна Африка, граѓаните ќе бидат тестирани без оглед дали имаат симптоми на болеста.

Околу 10.000 граѓани ќе бидат тестирани во секоја од овие области, а три се наоѓаат во Лондон.