26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Никола Поповски: Лоши одлуки се носеле од оние што управувале со „Еуростандард“ и од оние што вложувале средства во неа, а не од Народна банка

Изминатите денови, повторо беа присутни обраќања во врска со „Еуростандард банка“. Но, што наспроти тоа кажаа меѓународните финансиски институции и домашните експерти? Сите тие се изјаснија дека Народната банка го направила максимумот во случајот со „Еуростандард“ и она што е најдобро за стабилноста на банкарскиот систем, а со тоа и за финансиската стабилност и за граѓаните и целата економија.

Овојпат го издвојуваме исказот даден на Надзорната расправа во Собранието од поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, којшто пред неколку дена беше предложен за неизвршен член на Советот на Народната банка.

„Банките во Република Македонија, како и во целиот свет се пазарни субјекти… Народната банка на Република Македонија ниту раководи, ниту управува со банкарскиот систем во Република Македонија. Таа само врши надзор и тоа не првичен, туку законски – наречен супервизија. Управувањето на банките е на Управниот одбор и на Надзорниот одбор. Тие се приватни.“ – истакна Поповски.

Тој посочи дека според него, „Еуростандард банка“ очигледно носела лоши одлуки. Но, и дека доши одлуки се носеле од двете страни – и од оние кои управувале со средствата на Банката и оние кои вложувале средства во Банката. И напомена дека ризикот во работењето на банкарскиот сектор во Македонија е објективизиран. Истакна и дека во законската регулатива јасно е предвидено дека државата гарантира до 30.000 евра, и оттаму е нелогично сега да се бара државата да обештети во целост.

„Ризикот е дефиниран во јавната сфера до 30 илјади евра ако имате депозит во банката. И тоа е дадено правило на игра со Законот и тоа го знаат сите што работат со банките. Дали се депоненти, дали се учесници во платниот промет преку таа банка. Тие ако имаат над 30 илјади евра односи со банката, треба да знаат дека се веќе во ситуација да понесат ризик за секое поединечно евро над 30 илјади, зошто законот тоа го пропишува. И малку е нелогично да барате да се поопштествува ризикот над 30 илјади евра ако тој е законски зацртан.“ – беше дециден Поповски.

На Надзорната расправа тој кажа дека банкарскиот систем не е загрозен и дека во последните три квартали, односно во третиот квартал, трите најголеми банки во земјава, а тие се 60% од банкарскиот систем скоро, покажуваат раст на сите нивни витални функции.

„200 милиони евра раст на активата, раст на кредитите, раст на каматните приноси, само заради кризава опаѓа платниот промет, растат и депозитите, растат и кредитите на банките. Што значи банкарскиот систем воопшто не е погоден во целина и тој понатаму успешно се развива.“ – нагласи Поповски.

Според него, учесниците во институционалниот живот го направиле тоа што морале.

Во однос на мерката администрација којашто се споменува и од дел од штедачите со поголеми депозити и од сопственикот на „Еуростандард“, Поповски укажа дека од расположливите информации може да се зклучи дека Народната банка ги презела сите мерки кои биле соодветни за состојбата во која се нашла „Еуростандард“.

Според Поповски, ако Народната банка не ги преземела соодветните чекори, ситуацијата ќе била полоша.

Покрај него, на Надзорната расправа, како експерти учествуваа и академик Абдулменаф Беџети и Глигор Бишев.

извор Банкарство.мк