Американското Федерално истражно биро (ФБИ) отворило 160 истраги за минатонеделниот напад врз американскиот Конгрес во Вашингтон од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп.
Помошник-директорот на ФБИ, Стивен Д’Антуоно, изјави дека тие досега обезбедиле 100.000 видеа и слики како докази во постапките.
Обвинителот на градот Вашингтон, Мајкл Сервин, изјави дека 70 обвиненија се веќе поднесени, а очекува дека на крајот ќе има повеќе стотици.