14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД размислуваат за вакцинирање со половина доза од вакцината на „Модерна“

Во обид да се забрза вакцинацијата на населението, американската влада ја разгледува можноста за вакцинирање на некои луѓе со половина доза од вакцината на фармацевтската компанија „Модерна“, изјави Мосиф Слои, шеф на државната операција Ворп Спид.

„Знаеме дека администрирањето на само половина од дозата на вакцината предизвикува идентичен имунолошки одговор кај луѓето на возраст од 15 до 55 години“, рече Слоу, пренесува „Ројтерс“.

Ниту од компанијата „Модерна“ ниту од американската Агенција за храна и лекови не ги коментираа овие информации.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека досега се вакцинирани 4.225.756 лица, а повеќе од 13 милиони вакцини се дистрибуирани низ САД.

Спонзорирано: