17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Британија прва почнува имунизација со оксфордската вакцина

Велика Британија е првата земја во светот што денес почна со имунизација со вакцината на фармацевтската компанија „Астра зенека“ и Универзитетот „Оксфорд“.

Вкупно 530.000 дози од вакцината се распределени во шест англиски болници, пренесува „Гардијан“.

Вакцинацијата потоа ќе почне на стотици други места, а британската влада се надева дека десетици милиони дози ќе бидат доставени за неколку месеци.

Минатиот месец Велика Британија прва во светот почна со вакцинација со вакцината на „Фејзер“ и „Бионтек“, која мора да се чува на многу ниски температури.