18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Патниците од Велика Британија можат да одат во САД само со негативен тест

Владата на САД ќе побара од сите патници кои доаѓаат од Велика Британија да покажат негативен ПЦР-тест во претходните два часа, од моментот кога се качиле на авионот, поради загриженост за новиот многу заразен вид на Ковид-19.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денес објавија дека патниците од Велика Британија мора да бидат негативни ако сакаат да влезат во САД, објави „Ројтерс“.

Одлуката е пресврт, откако администрацијата на Трамп им соопшти на авиокомпаниите дека нема да бара дополнителни тестови за патниците од Велика Британија.