20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: принтскрин /видео Официјална јутјуб страница на Џо Бајден
СВЕТ

Бајден најави помош за економијата: пакет-мерки во износ од 735 милијарди евра

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека в година неговата администрација ќе донесе нов пакет-мерки за помош на економијата поради Ковид-19, вклучително и нова рунда плаќања на стимуланси.

Бајден на прес-конференција рече дека пакет-мерките за помош на економијата во износ над 735 милијарди евра (900 милијарди долари), што Конгресот го усвои неделава, ќе биде првиот чекор, но дека владата ќе мора да стори повеќе за тоа прашање.

„Нашите најмрачни денови во борбата против Ковид-19 се пред нас, а не зад нас“, смета Бајден.