16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Зошто и по вакцинацијата носењето маски повторно ќе биде задолжително?

Вакцините се ветување за нормален живот на целиот свет, но по добиената доза нема да значи дека конечно може да се ослободиме од маските. Зошто е тоа така?

Медицинскиот аналитичар д-р Леана Вен, која работи во итната медицинска помош, а притоа е вонреден професор на Факултетот за јавно здравје на универзитетот „Џорџ Вашингтон“, објаснува зошто.

Таа посочи дека, иако знаеме дека некои вакцини, како што се „Фајзер“ или „Бајонтек“, се многу ефикасни во спречување на некој да развие тешка форма на ковид -19, сè уште не знаеме дали вакцината ќе спречи вакцинираното лице да го шири вирусот.

Не е испитано дали вакцината спречува заразениот од коронавирусот кој е вакциниран да зарази други.

Можно е некој да прими вакцина, а да биде асимптоматски носител.

– Можеби нема да покажуваат симптоми, но го носат вирусот во дишните патишта, па ако зборуваат, дишат, киваат и така натаму, сепак можат да го пренесат на други, изјави таа.

Спонзорирано: