12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каракачанов го дозакопа Милошоски: Не знам дека Холандија и Данска биле на наша страна за ветото

Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов, во изјава за Канал 77, во емисијата Стадион, во која гостуваше премиерот Зоран Заев, изјави дека не слушнал, ниту знае дека Холандија и Данска наводно биле на страната на Бугарија и дека двете европски држави го поддржуваат ветото за Северна Македонија.

Оваа информација ја пласираа медиумите во Бугарија повикувајќи се на извори во Брисел и во Скопје, но таа се покажа како целосно неточна. Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски со денови ја пропагираше погрешната информација со цел да ја минимизира интеграциската политика на СДСМ, но тоа не му успеја. Тој неколку пати повторуваше дека Бугарија не е сама во одлуката за Северна Македонија и на тој начин пратени,от очекуваше дека ќе ги масовизира протестите на ВМРО ДПМНЕ.

Прво амбасадите на Холандија и на Данска во Скопје остро демантираа дека не стојат зад Северна Македонија затоа што според нив властите постигнале голем напредот и нашата држава заслужува преговори со ЕУ. Денеска Каракачанов го дозакопа Милошоски со изјавата дека нема информации за други држави кои се на страната на Бугарија против Северна Македонија.