16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина го засили тестирањето на замрзната храна по случаите на Ковид-19

Кина го засили тестирањето на замрзната храна откако повеќе пати откри коронавирус на увезени производи и нивно пакување, што пак предизвика масовни испитувања на храна и персонал, суспензија на одреден увоз и нарушување на трговскиот проток.

Како резултат на тоа, Кина го прекина увозот на стоки од 99 добавувачи од 20 земји, со цел да се спречи внесувањето на вирусот во земјата, сепак, големите земји за производство на храна стануваат сè пофрустрирани од кинеската контрола врз увезените производи.

Иако се смета дека коронавирусот од кинескиот град Вухан се проширил низ целиот свет, кинескиот „Глобал тајмс“ изрази сомневање дека присуството на вирусот од увезената храна може да биде доказ дека вирусот дошол во Кина од странство.

Спонзорирано: