25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Витаминот Д за 50% ја намалува смртноста од Ковид-19

Новото научно истражување покажува дека лицата кои имаат недостиг од витамин Д се поподложни на зараза од коронавирус за дури 54 отсто.

Студијата на универзитетот Бостон, покажува дека пациентите во доба од 40 години или повеќе, кои имале доволна количина на витамин Д во организмот, имале 51 отсто помал ризик од смртност од коронавирус.

Витаминот Д стана една од најчестите здравствени и нутриционистички теми со оглед на пандемијата на новиот вирус. Иако се потребни повеќе научни студии пред да биде донесен конечен заклучок, она што е познато е дека витаминот Д е добар за имунитетот, а тоа е особено важно во овој период. Повеќето луѓе го поврзуваат овој витамин со сонцето и уште го нарекуваат и „сончев витамин“.

Витаминот Д е познат по важната улога во зглобовите и здравјето на мускулите. Најголемиот извор за човекот е сончевата светлина преку која се внесува дури 90 отсто од витаминот.

Недостатокот на витамин Д може да доведе до намалување на густината на коските, што пак доведува до остеопороза и чести кршења. Во ретки случаи, недостатокот може да доведе и до деформација на коските односно остеомалација.

Витаминот Д се внесува преку консумирање на помасни риби и морска храна, како и печурки, жолчки од јајце, млеко и црвено месо. Докторите препорачуваат и поминување повеќе време на отворено односно на сонце, кој е најдобар извор на витамин Д.