15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Доаѓа студ со утрински температури под -5 степени, ветер и снег на планините – Метеоцентар со детална прогноза

Под влијание на продор на студена воздушна маса во сабота ќе дува силен северен ветер, а на планините во северните и западните делови ќе има услови за провејување на снег. Дневната температура осетно ќе се намали. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

Прогноза за 21.11.2020
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 3°C до 12°C
Претпладне променливо облачно и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер.

Прогноза за 22.11.2020
Минимална температура: -13°C до -4°C
Максимална температура: 4°C до 15°C
Утрото многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Прогноза за 23.11.2020
Минимална температура: -9°C до 0°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

Спонзорирано: