26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ураганот Јота ја пустоши Централна Америка, ветрот носи сè пред себе

Ураганот Јота го опустоши крајбрежјето на Централна Америка, носи покриви од куќи, урива електрични далноводи и корне палми.

Јота е вториот ураган што остави пустош во земјите од Централна Америка овој месец и во моментов достигна до североисточните делови на Никарагва, проследен со налети на ветрови кои достигнуваат брзина до 250 километри на час.

Прогнозата на Националниот центар за следење на урагани најавува дека ураганот Јота ќе ослабне додека се движи на запад, кон соседен Хондурас.