12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина се надева на соработка со новата американска влада

Кинеските безбедносни кругови се надеваат дека Пекинг и Вашингтон ќе ги подобрат односите кога администрацијата на Џо Бајден ќе ја преземе должноста во Белата куќа.

За време на претседателскиот мандат на Трамп, кинеско-американските односи достигнаа најниско ниво во последните неколку децении поради голем број контроверзни прашања што опфаќаат бројни области – од трговија и технологија до Хонгконг и коронавирус.

Официјален Пекинг изрази очекување дека администрацијата на Бајден ќе и се приближи на Кина на половина пат, дека активно ќе се занимава со меѓусебните разијдувања и разлики и ќе се стреми кон подобрување на кинеско-американските односи.

„Искрено се надевам дека нашите односи ќе бидат значително подобри по четири години од администрацијата на Бајден во Вашингтон“, рече Фанг Кингај, потпретседател на кинеската Комисија за безбедносни регулативи.

Спонзорирано: