12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

„Фајзер“ продаде над 80 проценти од своите вакцини на некои од најбогатите земји во светот

„Фајзер“ веќе продаде 82 процента од своите резерви на вакцини на некои од најбогатите земји во светот, што предизвикува загриженост дека нема да има доволно дози за луѓе од посиромашните земји.

Фармацевтскиот гигант и неговиот германски партнер „Бионтек“ планираат да произведат вкупно 1,3 милијарда дози во текот на 2021 година, но голем дел од вакцините веќе е нарачан од Велика Британија, Јапонија, САД и од Европската Унија.

Оние земји што купија стотици милиони дози претставуваат само 14 проценти од глобалното население.

САД ќе добијат 600 милиони дози, Велика Британија – 40 милиони дози, а Јапонија и ЕУ обезбедија 120 милиони и 300 милиони вакцини соодветно.

Анализата на продажбата ја спроведе групата за здравство и социјална правда со седиште во Велика Британија, „Глобал џастис нау“, која предупреди дека недостигот на еднаков пристап до вакцините на „Фајзер“ им се заканува на многу животи во светот.

Посебна студија на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ покажува дека фер дистрибуција на вакцини против коронавирусот би спречила 61 процент од смртните случаи на глобално ниво, а ако дозите првин биле споделени меѓу богатите земји, бројот на смртни случаи би се намалил само 33 проценти.