23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Путин: „Спутник V“ е поефикаснa од 90 проценти, веќе работиме на развој на третата вакцина

Кога „Фајзер“ и „Бионтек“ објавија дека нивната вакцина против коронавирусот е ефикасна 90 проценти, пристигнаа пораки од Русија, во кои претседателот Владимир Путин рече дека земјата е на пат да развие трета вакцина и дека веќе постојната „спутник V“ е повеќе од 90 проценти ефикасна.

На видеоконференцијата на самитот на Шангајската организација за соработка (СОЦ), Путин зборуваше на таа тема, но не сакаше да открие детали за третата руска вакцина што ја најави.

„Москва сега е подготвена да соработува со сите земји во развојот на вакцината, вклучувајќи ги и партнерите на СЦО, но не сакам да има политизација во овој процес. Верувам дека вакцината треба да биде достапна за сите“, додаде Путин.

Оваа дискусија следуваше кога „Фајзер“ и „Бионтек“ објавија дека тестовите покажале оти нивната вакцина против коронавирусот е ефикасна 90 проценти, а со оглед на тоа што Русија ја имаше својата прва регистрирана вакцина „спутник V“ во август годинава, тие сега сакаат да го потсетат светот на тој факт.

„Спутник V“ првично беше оспорувана од многубројни експерти и државници затоа што беше развиена многу бргу, сепак тестовите покажаа дека е ефикасна, пишува Си-ен-би-си. Потоа, Путин најави почеток на работата на втората руска вакцина, а по објавувањето на „Фајзер“ и „Бионтек“, очигледно сака да го забрза процесот и да почне да работи на третата.

Русија соопшти дека ја воведува својата вакцина „спутник V“ за домашна употреба и покрај фактот дека испитувањата во доцните фази сè уште не се завршени, а во вторникот рече дека е ефикасна над 90 %.

„Студиите веќе покажаа и потврдија дека, прво, овие (руски) вакцини се безбедни и немаат сериозни несакани ефекти по употребата и, второ, сите се ефикасни“, рече Путин.