26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден ја зголеми предноста, сега има 5 милиони гласови повеќе од Трамп

Џо Бајден, избраниот претседател на САД, ја зголеми предноста пред Доналд Трамп во однос на гласовите што ги доби на изборите во Америка.

Според последните податоци, Бајден сега има повеќе од пет милиони гласови повеќе од Трамп, кој сè уште одбива да го признае поразот.

Во средата наутро Бајден имаше 77,27 милиони гласови, додека Трамп беше со 72,18 милиони гласови, пренесува Кук политикал рипорт, непартиска аналитичка куќа.

Сите поголеми американски медиуми го именуваа Бајден за новоизбран претседател и се предвидува да му дадат 290 изборни гласови. Трамп остана на 214.

Големата разлика во бројот на гласови не мора да значи и полесен пат до Белата куќа. Според американскиот изборен систем, се прегледуваат изборните гласови. Така, на пример, Хилари Клинтон доби 2,8 милиони гласови повеќе од Трамп во 2016 година, но ги загуби изборите.